Ракометниот клуб Вардар е старо-нов шампион во ракометната Супер лига во нашата земја. „Црвено црните“ до новата, вкупно 12-та титула во македонскиот шампионат стигнаа после победата над Пролет со 38-25.

Составот на Пролет рамноправен противник беше едно полувреме после кое имаше негатива од три голови (16-13). Во вториот дел „вардарци“ додадоа гас и стигнаа до убедлива победа изразена со 13 погодоци разлика.

 

Избраниците на Раул Гонзалес после успешно завршената работа во плејофот од Супер лигата ќе се насочат кон Купот на Македонија и завршницата од Лигата на Шампиони која е приоритет пред сите трофеи сезонава.

OhridNews