Ракометарите на Вардар ја одбранија титула во Супер купот на Македонија, откако на дуелот со Металург кој се одигра во Струга во рамките од Меѓународниот турнир забележаа победа 33-24.

На „црвено црните“ им требаше повеќе од половина полувреме д го скршат отпорот на „металурзите“ кои со добра одбрана одлично парираа на поквалитетниот противник. Вардар најпрво поведе со 11-6, а на одмор замина со предност 16-10. Во второто полувреме Металург имаше блесоци, но избраниците на Гарсија Парондо не дозволија резултатско враќање и со триумф 33-24 го освоија вториот трофеј во Супер купот на Македонија.

Во првото издание минатата година Вардар го совлада Еурофарм Работник.

OhridNews