РК Вардар 1961 со убедлива победа го отвори петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој денеска започна во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Вардар во првиот натпревар на турнирот го совлада грчки Олимпијакос со 39:27, најавувајќи интересни и квалитетни ракометни пресметки во продолжението на најсилното издание на турнирот досега.

На програмата денеска се уште два натпревари. Од 18:45 часот, домаќинот ГРК Охрид го започна настапот против младата репрезентација на Египет, додека од 21 часот ќе се сретнат Војводина и Загреб.

На турнирот настапуваат осум екипи – Охрид, Вардар 1961, Загреб, Војводина, Нексе, Олимпијакос, Тримо Требње и младата репрезентација на Египет. Дел од натпреварите во Охрид се и дел од новата Регионална лига.

Г.М.

Фото: Турнир “Крсте Андоновски”