Вардар во Охрид го зачува врвот во фудбалската елита
30.10.13 15:58
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Вардар со 2-0 го совлада Еуромилк во натпревар од 13-та рунда, кој се одигра во Охрид и прокнижи нови три бода на првенствената табела.
По првите 45 минути мрежите во Охрид мируваа, а од малкуте шанси за издвојување се двете закани на Влатко Гроздановски, кои не ја погодија целта. Најзрелата прилика за гостите ја имаше Ален Јашароски, кој од косо биеше во добро поставениот Игор Павловиќ.
Од првата шанса во вториот дел „црвено црните“ поведоа со 1-0 со голот на дефанзивецот Стефан Рељиќ во 54-та минута. Филип Петров кратко проигра од корнер со Хорхе Хименез, кој го пронајде осамениот Рељиќ во голманскиот простор и со глава го совлада Маџаровски.
Во 62-та минута „вардарци“ го дуплираа водството откако Ацо Стојков со лоб удар од непосредна близина по втор го натера Маџаровски да ја вади топката од сопстветаната мрежа.
Тетовскиот арбитар Бартон во 71-та минута досуди најстрога казна за „сините“, па ја преправи во слободен удар. Пандовски продре по десната страна, Цикарски стартуваше врз него, а без размислување Бартон покажа на белата точка.
По реакцијата на клупата од Вардар и краткиот разговор со првиот асистент Иса грешката беше исправена и беше досуден слободен удар за гостите, кој не донесе посериозна закана кон голот на Вардар.
Со серија измени во составот бранителот на трофејот во елитата ја легна играта и на гостинските фудбалери не им дозволија да го загрозат нивниот гол со што заслужено го „собраа“ целиот плен.
Екипата на Др Баткоски забележа убедлива победа од 7:1 над Етно ресторан Дедо Димо и го одбележа четвртиот натпреварувачки ден на 51 издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта В...
Екипата на Клиника Др Баткоски – Италија („Clinica Dr Batkoski Italia“) го освои првото место на престижниот меѓународен турнир во мал фудбал што од 19 до 21 јуни се одржа во италијанскиот гр...
Познат е распоредот за сезоната 2026/2027 во македонската ракометна Супер лига, а ГРК Охрид новото првенство ќе го отвори со дерби натпревар против Еурофарм Пелистер на домашен терен Првото коло е ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.