Организираторот на игра во составот на Вардар, Сташ Скубе признание за маестрална претстава на дуелот со Монпеље во Франција доби од ЕХФ, откако го вклучи во идеалниот тим од првата рунда во Лигата на Шампиони.

„Црвено црните“ на крилата негови со 33-31 го совладаа францускиот гигант и со триумф ја отворија новата сезона. Словенецот постигна 8 погодоци од 9 обиди а некои голови беа во моментите кога се кршеше резултатот.

Друштво на бековските позиции на Скубе му прават Билик од Кил и Кристијансен од Алборг. Најдобар голман е Андрес Волф од Киелце а пивотмен Лудовик Фабрегас (Барселона). На крилните позиции се наоѓаат Валендин Јонеа и Диого Бранкињо од португалските екипи Спортинг Лисабон односно Порто.

OhridNews

ЛШ: Шампионски почеток на Вардар