Македонскиот првак во женска конкуренција, Вардар против стариот и познат ривал, Будуќност ќе ја започне главната фаза во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ во главната фаза ќе пренесат седум бодови и мечевите ќе ги започнат од првата позиција во групата.
Покрај црногорскиот состав во втората фаза во ЛШ се приклучат уште Мец и Турингер од А групата. Заедно со Вардар од Б групата пласман понатаму обезбедија Ференцварош и Астраханочка.
Првите четири екипи на табелата обезбедуваат пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.
Табела пред почеток на Главната фаза
1. Вардар – 7 бода
2. Будуќност – 6
3. ФТЦ – 5
4. Мец – 4
5. Турингер – 2
6. Астраханочка 0
Распоред на натпревари на Вардар
27-29.01.2017 Будуќност – Вардар
03-05.02.2017 Вардар – Мец
10-12.02.2017 Турингер – Вардар
24-26.02.2017 Вардар – Будуќност
03-05.03.2017 Мец – Вардар
10-12.03.2017 Вардар – Турингер
OhridNews