Македонскиот ракометен шампион, Вардар има само еден свој преставник во изборот на 30-те најубави погодоци кои ја одбележаа 2016 година во Лигата на Шампиони.


На четвртата позиција од ТОП 30 листата се наоѓа погодокот на Даниел Шишкарев против Веспрем во Скопје. Русинот со „сув лист“ го матираше Мирко Алиловиќ и ја крена публиката на нозе во Јане Сандански.

Меѓу головите, односно 22-та позиција се наоѓа цепеленит на Кирил Лазаров и Сигурдсон, додека на првата позиција е екс ракометарот на Металург, Ѓукиќ кој на мастрален начин го совлада чуварот на мрежата на Веспрем.

OhridNews