Во организација на Македонска риболовна федерација на Мавровско езеро, на браната Леуново, викендов се одржа 19-ти по ред куп на Република Македонија во дисциплина „лов риба со јадица на пливка“ во категорија на сениори.

На купот на кој зедоа учество 9 екипи победни екипата на „Вардар“ од Скопје , второто место го освои екипата на „Металург“ од Велес а третото место го освои екипипата на „Пец Пец“ од Прилеп.


Борбата беше изедначена екипата на Металург од Велес и победничката екипа на  Вардар од Скопје имаа освоено ист број на поени- по 15 поени , екипата на  Металург го изгуби првото место само за 35 грама помалку уловена риба , односно за една плашица.

На патеката на браната Леуново просечен улов изнесуваше околу 1,3 килограми , а се ловеа поситни примероци на плашица и клен. Зоран Кожукаров од екипата на Пец Пец од Прилеп имаше најголем улов на патеката тој улови 2,5 килограми односно двојно повеќе од секој друг натпреварувач.

Екипата на Мак Дам од Куманово која два пати по ред го освојуваше купот не успеа да го стори тоа и по третпат и трајно да го освои преодниот и се пласира на 4 место. За првпат на купот се натпреваруваше и екипа од Гостивар „Баш Вардар“.

Ohridnews