Лидерот на табелата во Премиер лигата, Лестер на крилата од Џејмс Варди го совлада Ливерпул со 2-0 на домашен терен во 24-та рунда од шампионатот.


Откритието на сезоната во Англија со два погодоци го „патосираше“ Ливерпул. За првиот гол од новопечениот англиски репрезентативец долго ќе прераскажува додека вториот го постигна со мала доза на среќа.

Со триумфот над „црвените“ популарните „лисици“ покажаа уште еднаш дека се зрели за освојување на титулата што би преставувало големо изненадување.

Резултати: Лестер – Ливерпул 2-0, Арсенал – Саутемптон 0-0, Норвич – Тотенхем 0-3, Сандерленд – Мен Сити 0-1, Вест Хем – Астон Вила 2-0, Кристал Палас – Бурнмаут 1-2, Мен Ју – Стоук 3-0, ВБА – Свонси 1-1.

Табела: Лестер 50, Мен Сити 47, Тотенхем 45, Арсенал 45, Мен Ју 40…

OhridNews