Екипата на Лестер ја продолжи својата бајка во Премиер лигата благодарејќи на Џејмс Варди кој со два погодоци го реши Ливерпул. 


Посебно, импресивен беше првиот погодок кој со сигурност ќе биде меѓу потесниот избор за гол на сезоната во Премеир лигата.

– Морам да бидам искрен, ваков погодок немам постигнато. Но, сепак многу ми е мило што стигнавме до трите бодови и продолживме да сонуваме со отворени очи. Голманот на Ливерпул, Мињоле констатно беше далеку од линијата и по топката од Марез се одлучив да шутирам и за среќа погодив. – рече стрелецот на Варди.

„Лисиците“ имаат три бодови од второпласираниот Манчестер Сити и пет од Тотенхем и Арсенал.

Варди го „патосираше“ Ливерпул (видео)

OhridNews