Ден после големата победа на Лестер на Етихад против Манчестер Сити во дербито во Премиер лигата навивачите имаат уште една причина за задоволство откако Џејмс Варди го продолжи договорот.
Откриетието на сезоната во најсилната англиска лига потпиша нов три и пол годишен договор со кој ќе заработува многу повеќе.
– Презадоволен и пресреќен сум што можам со овој тим да напрам големи резултати. Духот на тимот е фантастичен и сакам да останам што подолго. Клубот ми даде се од првиот ден и сакам да му вратам во иста мера. – рече Варди.
Одличните игри на Варди и резултатите на клубот широко му ги отворија вратите во селекцијата на Англија која полека го составува тимот за Европското првенство што ќе се одржи летово во Франција.
OhridNews











