Три натпревари суспензија му изрече дисциплинската комисија во Премиер лигата на Џејми Варди за црвениот картон на меѓу Стоук и Лестер. Напаѓачот, на средината од првиот дел непромислено стартуваше над противнички играч кој за среќа избегна поголема повреда.
Актуелниот шампион и со фудбалер помалку извлече позитивен резултат, ремизирајќи 2-2 на Британија стадионот иако имаше негатива 2-0.
Англискиот репрезентативец ќе ги пропушти мечевите со Евертон и Вест Хем на домашен и со Мидлзброу на гостински терен. На теренот, Варди ќе се врати после Нова година.
OhridNews