Веќе позната тема…стара приказна, само се поголем револт од страна на граѓаните. Ако досега некој нема забележано лицата за запазување на јавниот ред и мир (читајте по нашки Полицијата) по успешно завршената работа минатите сезонони заслужено заминаа на колективен одмор…кој трае неколку години.

Ќе мора да се извинам за мојот цинизам…но секоја вечер си го поставувам вечното прашање: -Дали во Охрид постои некој кој би можел да го регуира проблемот со гласна музика?!?!….и секако секој вечер вечниот одговор-НЕ, затоа потруди се повеќе за да можеш да заспиеш.

Секако сигурно секој од вас во доста наврати има пријавувано нарушување на јавен ред и мир и нормално го добива логичниот и очекуваниот одговор:

-Веднаш ќе биде средено.

И секако…НЕ СЕ СРЕДУВА..бидејќи во случаеви кога полицијата е немоќна плашејќи се директна конфронтација со сопствениците на клубовите најлесен одговор кога се јавувате нареден пат е: НЕМАМЕ ИНГЕРЕНЦИИ.

Епа ако тие немаат ингеренции, следнитот пат пробајте да се јавите во Водовод или ЕВН, можеби тие имаат ингеренции и плус тоа имаат броеви на кои секогаш некој се јавува бидјеќи напати на 192 ми се има случено да погодам пауза за кафе или вечера па никој да не се јавува. (знам дека звучи чудно но е вистина)
Да не должам многу, за да имате добар сон еве неколку предлози:
1.    Јавете во полиција па нарачате неколку мелодии кои би сакале да ги слушнете од клубот до вас пред да заспиете (барем толку можат да ви удоволат)
2.    Доколку имате простор во куќата на пример подрум, онака полн влага и без светло, мислам дека е време да ставете тросед за спиење
3.    Секоја вечер одите по гости па можеби ќе ве понудат да преспиете кај нив
4.    Понудите им на службениците од полиција да ги преусмерат повиците кај вас дома бидејќи и онака вие не можете да спиете, барем тие да се се тревожат
5.    Изнајмите апартман во полиција…таму е најмирно и најтивко
6.    Отворите клуб…барем да ви се исплаќа тоа што не можете да заспиете
Во моменти на игнорантност за проблемите на граѓаните, јас не би очекувал ништо друго туку исто однесување и од граѓаните кон нив.

авторот познат на редакцијата