Пред извесно време на вашата нет страница прочитав текст во кој се критикуваат охридските угостители за високите цени со апел за намалување на истите.

Навистина добар начин за подобрување на вкупниот впечаток на туристите за нашиот град. Во целост се согласувам со мислењето за високите цени во охридските угостителски објекти и не би навлегувал во понатамошен коментар.

Пред два дена по некоја случајност се најдов во Скопје. После напорното и жешко попладне решив во центарот на градот да се освежам со едно кафе и да се разладиме – јас со ладна кисела вода, а мојот малолетен син со густи сок. Вечерна атмосфера, раздвиженост во центарот, маси и столови на улица. Доаѓа келнерката и порачуваме : мало макијато, малечка ладна пелистерка и густи сок од праска (200 гр.). По спиеното кафе и разладени со пијалок ја бараме сметката. Се носи фискална сметка на која пишуваа 225 денари. Сок од праска ( 200 гр. ) – 100 денари, Пелистерка ( 200 или 250 гр. ) – 50 денари и мало макијато 75 денари. Што е многу многу е па макар тоа се пиело и во главниот град. Си плативме ( нормално 230 денари ) и заминавме за Охрид.

П.С. Оваа сметка нека не му послужи на ниеден охридски угостител за покачување на цените.

Граѓанин од Охрид