„Василичарска епопеја“ е првиот мурал кој го разубави Вевчани. Според министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска ова монументално уметничко дело оддава почит на богатиот културен опус на Вевчани, овековечувајќи го наследството на нашиот негуван Вевчански карневал – еден од најстарите европски и први карневали во државата, зачленет во Светската карневалска федерација.

Мотивот на муралот одлично се вклопи во просторот и контекстот, а Вевчани дополнително се оживеа благодарение на големата површина на муралот и живите бои, вели Костадиновска Стојчевска.

Проектот, додава, кој ја доби поддршката од Министерството за култура ја надминува естетиката и е доказ за посветеноста да се зачува и слави културно наследство.

OhridNews