Како и секоја година традиционално и оваа во маалото во Кошишта во кај домот “Св. Кирил и Методиј”се разгоре василичарскиот оган. Се играа традиционални ора проследени со музика во живо.
Веселата атмосфера беше надополнета со неколку маски, со печење колбаси на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино, а се печеа и компири во фолија. Точно на полноќ, минатогодишните кумови Сашо и Тања Мариноски на околу 70 тина луѓе им поделија банички со сирење. Среќата која ќе ја следи преку цела година и се насмевна на Снежана Змејкоска која ја пронајде паричката во својата баничка.
OhridNews
фото:Антонио Стаматоски
















