Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски ќе биде нов преговарач во спорот за името со Грција, кој се води под покровителство на ОН. Ваква одлука донесе претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. 

Наумовски ја презема функцијата од десегашниот преговарач и ексамбасадор во Вашингтон, Зоран Јолевски кој е беше назначен за министер за одбрана. Васко Наумовски е 4 от преговарач за името во досегашната историја на преговорите, а втор кој паралелно ќе ја врши амбасадорската функција во САД и како преговарач за името.

Првата можност за преговори, Наумовски ќе ја има на крајот од овој месец за кога е најавена посетата на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и Атина.

OhridNews