Александар Васоски нема да допатува во Скопје на подготовките на македенската фудбалска репрезентација за мечот со Исланд.

Селекторот на репрезентација на Македонија, Сречко Катанец, го ослободи од репрезентативните обврските фудбалерот на Ајтрахт Франкфурт, на барање на лекарскиот тим на германскиот клуб кој интензивно работи на целосно закрепнување на нивниот првотимец, во желба тој што побргу да се врати на зелениот терен.

Што се однесува до останатите се очекува на првиот тренинг во 17ч. на игралиштето на Работнички да се појават сите репрезентативци со исклучок на Ристиќ кој најверојатно ќе задоцни два дена поради настап во корејското првенство.

ohridnews