Македонската фудбалска репрезентација во Охрид ги продолжува подготовките за квалификацискиот напревар за пласман на ЕП 2008, против Хрватска во Загреб. Атмосферата во А тимот е одлична велат репрезентативците. Вчера тие имаа само еден тренинг, попладнето, а повеќе се работеше на тактиката. Стручниот штаб внимателно ги анализира матерјалите од настапите на Хрватска која дома има извонреден учиник и не е поразена со години. Но и ние сме големи на гостувањата, на последните 4 натпревари во гости имаме 3 победи и едно реми, против Англија на Олд Трафорд.

Дефанзивецот на бундеслигашот Ајнтархт од Франкфурт, Александар Ваовски, кој најверојатно ќе го заземе местото на повредениот Игор Митревски во одбраната, смета дека Македонија може да го издржи почетниот притисок на хрватите. Знаеме дека тие имаат одлични поединци и мислам дека овој натпревар ќе го реши потег, но ние имаме цврста одбрана, вели Васовски. Нема само да се браниме туку и ќе нападнеме и ќе настојуваме да ја затресеме противничката мрежа, вели Васоски.

Мотивацијата е уште поголема отколку за натпреварот со Англија. Хрватска е силна репрезентација и има доста квалитетни фудбалери, но и ние имаме свои квалитети и ќе настојуваме на овој натпревар да останеме непоразени, најавува  Васовски.

Македонска фудбалска репрезентација денеска на СРЦ Билјанини извори (16ч.) ќе го одржи последниот тренинг во Охрид. Утре репрезентацијата со специјален чартер лет од охридскиот аеродром заминува за Загреб каде во сабота на “Максимир“ (20:15ч) го играме мечот со Хрватска.

Г. Момироски