Македонската ватерполо репрезентација попладнево во Риека, против Хрватска, ќе го одигра третиот натпревар во Светската лига. Покрај овие две репрезентации во групата се наоѓа и Германија која е слободна во ова коло.

Македонија и Хрватска на почетокот на годината играа во Скопје, тогаш во неизвесен натпревар „коцкестите“ победија со 9:8. Македонија на оваа средба од селекторската позиција ќе ја предвоси Сашко Поповски.

Хрватска е лидер во групата со 8 бодови, Германија има 4, а Македонија е без освоен бод. Натпреварот во базенот во Риека ќе започне во 17 часот.

“макфакс“
Ohridnews