Ватерполо репрезентацијата на Србија ја одбрани титулата европски првак, откако во финалето на Европското првенство, вечерва во Будимпешта, го совлада домаќинот Унгарија со 12:7.
Српските ватерполисти првата четвртина ја добија со 3:1, втората со 4:1, Унгарија беше поуспешна во третата со 4:2, а последната старо новиот европски шампион ја доби со 3:1.
Во борба за третото место Италија ја совлада Црна гора со 11:9.
OhridNews