По дебклот од Грција, македонската ватерполо репрезентацијата ја забележа првата победа на предквалификацискиот турнир во Едмонтон над Холандија.

“Делфините“ славеа со 9-6, во меч во кој најефикасни беа Аксентијевиќ со три и Басара со два погодоци.

Вечерва избраниците на Сашко Поповски играат против репрезентацијата на Романија. Мечот ќе стартува во 22:20 часот по средноевропско време