Репрезентацијата на Македонија во ватерпол, замина
на последните подготовки за престојното Европско првенство во Холандија.
“Делфините“ ќе се сретнат со екипата на Црвена Звезда по што селекторот Гочанин
ќе добие јасна слика кои ватерполсти ќе патуваат на ЕП.

Селекцијата
се соочува со мали проблеми  пред
почетокот на ЕП откако на повреди се жалат голманот Маринковиќ, Вуксановиќ и
Бјелица. Во репрезентацијата владее позитивна атмосфера по добриот настап на
турнирот во Турција, каде го освоија второто место.


 

 
 

Избраниците на Гочанин со три победи во групата
можат да изборат пласман во квалификациите за Олимпијадата во Лондон годинава. Македонија
првенството го отвора против Турција, нареден противник на “црвено жолтите“ е
Грција потоа Унгарија, Италија а последниот натпревар во групата е со домаќинот
Холандија.

 

За ватерполистите ова е трето
учество на ЕП во низа откако настапуваа во Шпанија 2008 и Хрватска 2010.
 

Мх.П.