Македонската репрезентација во ватерпол ги започна последните подготовки пред Европското првенство во Холандија од 16 до 29 јануар. Репрезентативците првата контрола ќе ја имаат против Хрватска на 5 јануар во Светската Лига. Селекторот на “црвено жолтите“ Игор Гочанин ќе може да смета на сите повикани репрезентативци освен на Урош Калиниќ кој сеуште има обрски кон клубот во Саудиска Арабија.


Подготовките ќе ги искористиме да ги поправиме грешките на тактички план, добра прилика за тоа е натпреварот со Хрватска во Светската лига. Потоа не очекува силен турнир во Турција од 6 од 8 јануар, но таму ќе настапиме резервирано затоа што Турција и Холандија ни се противници во групите на ЕП – потенцираше селекторот на “црвено жолтите“ Гочанин

Повредите во македонскиот состав се минато, Македонија со сите сили ќе настапи на ЕП во Холандија и подготвителните турнири.


–  Повредите за среќа не заобиколија овој период, мали проблеми има голманот Маринковиќ но не е ништо сериозно. Поголем хендикеп за нас е неиграњето на Калиниќ кој е “диригент“ во одбрната – истакна селекторот Гочанин.

Македонската репрезентација во ватерполо трет пат по ред учествува на Европско првенство, “црвено жолтите“ во група се наоѓаат со домаќинот Холандија, потоа со Турција, Грција, олимпискиот шампион Унгарија и со светскиот шампион Италија.

Мх.П.