Македонските ватерполисти со (не)скриени амбиции отпатуваа за Холандија, каде ќе се игра Европското првенство. “Делфините“ на селекторот Гочанин на ЕП учествуваат трети пат во низа, а во Ајндховен најавуваат  изненадување.


Во секој натпревар ќе одиме на победа, ние си ги знаеме нашите квалитети и нема потреба да се плашиме од никоја репрезентација. На ЕП патуваме по изненадување, би немал ништо против повторно на плоштадот “Македонија“ да се прославува успех на македонската репрезентација – истакна директорот на репрезентацијата Владимир Димоски.


Првите бодови “делфините“ ќе ги бркаат против Турција, потоа следува мечот со Грција. По два релативни лесни противници, избраниците на Гочанин налетуваат на “велесилите“ Унгарија и Италија додека во последната рунда Македонија ќе се сретне со Холандија .

Составот на македонската ватерполо репрезентација :

Перчиниќ (прв голман), Јавенски (резервен голман), Рачуница, Вуксановиќ, Мишиќ, Калиниќ, Кречковиќ, Ивовиќ, Милановиќ, Ранчиќ, Петровиќ, Летица, Бениќ, Димовски.

Мх.П.