Во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од независноста на Република Македонија, што годинава минува во знак на спортот, на градското пристаниште во Охрид денеска ќе се одигра ревијален ватерполо натпревар на ветераните од Охрид и Струга.
Натпреварот започнува во 17 часот.
Натпреварот ќе биде потсетување за времињата кога во Охрид и Струга имаше ватерполо клубови и езерскои дерби, кое беше вистинско спортско доживување.
OhridNews