Неизвесност владее меѓу вработените во изданијата на Медиа-принт Македонија откако германски ВАЦ ја соопшти идејата за редуцираање на бројот на вработените и за згаснување на Утрински весник, пренесува националната телевизија „Телма“.

Од редакциите на Дневник, Вест, Утрински весник и Теа-модерна новинарите велат дека тие не се виновни за влошената фианснска состојба, туку менаџерскиот тим на чело со Срѓан Керим. Покрај тоа, тие потсетуваат дека се направени бројни вработувања во менаџерскиот тим, како и за непостоечко он-лајн издание. Новинарите сведочат дека им е соопштено дека уредничката политика треба да стане понаклонета кон владата зашто „Македонија е мала земја и на изданијата им е потребно стабилно финансирање“. Постои можност во вторник да биде одржан едночасовен предупредувачки штрајк.

Новинарскиот синдикат предупредува дека менаџерскиот тим треба и со нив да разговара и дека Синдикатот треба да биде учесник во решенијата „без оглед дали станува збор за државен, јавен или приватен медиум“. Од МПМ соопштуваат дека се работи за деловна политика на приватна компанија и дека политиката на стабилизација не мора да значи и отпуштање на новинари.

OhridNews
извор: Тв Телма