Шестмина охриѓани добија ваучери за прехрамбени производи во висина од 1000 денари, во рамки на третото извлекување на Наградната игра ,,Фискална во рака-награда без мака’’, која ја организира Министерството за финансии на Република Македонија.
Во третото јавното извлекување беа доделени и вредносни ваучери за ауди/видео опрема, бела техника и мали кујнски апарати, мобилни телефони и фотоапарати, компјутери и компјутерска опрема, велосипеди, односно ваучери за прехрамбени производи во висина од 4000 и 1000 денари.
OhridNews