Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ниту во третиот обид не успеа да го освои толку посакуваниот трофеј од Ролан Гарос претрпувајќи пораз од Стен Вавринка во четири сетови (6-4, 4-6, 3-6, 4-6).
Српскиот тенисер тргна решително кон титулата од францускиот гренд слем турнир која недостига во неговата колекција добивајќи го првиот сет.
Вавринка со иста мера возврати во вториот сет, а во третиот покажа маестрална игра не оставајќи му ни малку надеж на Ѓоковиќ.
Четвртиот сет популарниот „Ноле“ го отвори со 3-0, но Вавринка собра сили и со серија од 6-1 во гемови ја освои првата гренд слем титулата на Ролан Гарос.
– Чест е да играш против најдобриот тенисер во светот. За да го победиш најдобриот во финале треба да одиграш многу подобро од него. Тоа и го направив и можам да кажам дека го одиграв мечот на мојот живот. – рече швајцарскиот тенисер.
Мх.П.