Швајцарскиот тенисер Стен Вавринка и Шпанецот Пабло Карено Буста се првите полуфиналисти на мастерс турнирот во Индијан Велс.
Вавринка по многу борба и драма во 1/4 финалето го совлада Австриецот Доминик Тим во три сетови (6-4, 4-6, 7-6) за два часа и 33 минути игра.
Карено Буста за пласман меѓу најдобрите четири тенисери на турнир го елиминираше уругваецот Пабло Куевас после три сетови (6-1, 3-6, 7-6).
Вавринка и Карено Буста меѓу себе ќе се борат за пласман во финалето, додека втората полуфинална двојка ќе се комплетира по четвртфиналните мечеви Федерер – Киргијос односно Сок – Нишикори.
OhridNews