Швајцарецот Стен Вавринка триумфираше на УС Опен победувајќи го во финалето светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови (6-7,6-4,7-5,6-3). Вавринка го симна ланскиот победник од тронот за свој прв трофеј на терените во Њу Јорк. За Вавринка ова е само трет трофеј во гренд слем серијата, по 2014 година во Австралија и 2015 година во Франција.
– Му честитам на Стен, сосема заслужено победи. На ова ниво после 7 месеци бев малце заморен, дадов се но тој беше подобар во некои одлучувачки моменти, и покрај повредите кои ги имав прифатив да играм на УС опен и некој да ми понудеше пред почетокот да играм финале ќе прифатев со две раце – истакна поразениот Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ загуби деветти пат во едно гренд слем финале, додека Вавринка има перфектен скор 3 од 3.
– Не знам што се случува во моментов, Новак ти си еден голем човек и еден голем играч. и сакам да ти благодарам на се што му даде на тенисот. Дојдов да играм тенис, и на секој меч се обидував да победам, атмосферата беше прекрасна нешто што не сум доживеал , ова беше извонредна ноќ – рече новиот победник Вавринка.
Вавринка по овој триумф се искачи на третото место на АТП ранг листата и заработи 3,5 милиони долари.
OhridNews