Со оглед на посетата на Папата Францис на Република Северна Македонија, на 7-ми мај 2019 година и регулираниот сообраќај на патните правци до и од Меѓународниот Аеродром Скопје, од ТАВ Македонија ги информираат сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот Аеродром Скопје на 7-ми мај, дека ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот. Причина е што од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворенза сообраќај.
Оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворенза сообраќај.
За сите детали во врска со режимот на сообраќај од аеродромот до град Скопје и евентуални измени, Ве молиме проверете ја веб-страницатаhttps://papa.mk/soobrakjaj/и контактирајте ги релевантните државни институции, велат од компанијата.
Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од градот Скопје до Меѓународниот Аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниотпревозник Манора, на 7-ми мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која што на 7-ми мај ќе тргне половина час подоцна. За сите информации и евентуални измени во автобускиот превоз за патници од и до Аеродромот, може да се провери на веб-страницата на Манора:https://www.manoragroup.com/en