Многу следбеници на природната медицина советуваат денот да го започнеме со чаша незасладена лимонада. Еве неколку причини поради кои тие сметаат дека лимонадата е исклучително здрава:

Го зајакнува имунитетот
Лимонот е богат со витамин Ц, што е доста значајно, посебно во зима, за превенција од настинки.

Го подобрува расположението
Лимонот дава енергија и го подобрува расположението. Интересно е дека лимонот е една од ретките намирници кои содржат повеќе негативни отколку позитивни јони, а негативните јони го подобруваат расположението. И самиот мирис на лимонот има поволно влијание врз расположението – помага да се разведрите и да го разбистрите мозокот.

Помага во регулација на крвниот притисок
Лимонот е богат и со калиум, кој ја стимулира работата на мозокот и целиот нервен систем, а помага и да се одржи нормален крвен притисок.

Ги елиминира токсичните супстанции
Чашата лимонада која ќе ја испиете наутро помага да се елиминираат токсичните супстанции. Во текот на сонот, организмот благо дехидрира, па ако не го започнеме денот со вода, токсичните супстанции не можат целосно да се елиминираат. Лимонот додаден во водата помага да се растворат маснотиите и полесно да се елиминираат некои отпадни материи.

Детоксикација на црниот дроб
Лимонската киселина го поттикнува делувањето на ензимите, што повторно го стимулира црниот дроб и помага за детоксикација.