Во организација на Триатлон Федерација на Македонија (ТФМ) и Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ (АСС) а согласно со програмата за работа и Европскиот Триатлон календар на настани,оваа година во Охрид, во период од 14-16 Септември ќе се одржи Европски Триатлон куп и Балканско првенство. На самиот натпревар се очекуваат натпреварувачи од околу 20 земји во различни категории од кадетски, младински и сениорски категории и од двата пола или околу 300 натпреварувачи. Самиот тек на натпреварот ќе се одржува во два приемни дена и два натпреварувачки дена од 13-16 Септември.

  • Поради сериозноста на организирање на ваков голем натпревар Европски триатлон куп во Охрид кој сметаме дека треба да прерасне во традиција да се организира на Охридското езеро како технички организатори сакаме да ве известиме дека на ден 15 и 16 септември ( сабота и недела ) на меѓународниот пат Охрид – Св Наум во должина од кружно пресек Бул. Туристича со ул. АСНОМ до кружно Инекс Горица (тениски терени) ќе има времен режим на сообраќајот и тоа од: сабота 07:30 – 17 часот и недела 07:30 – 15 часот. Во горенаведеното време наведениот дел од патот Охрид – Св. Наум ќе биде затворен за сообраќај и ќе биде пренасочен на патот Св. Наум – Охрид на истата должина со тоа што во тој период ќе се дозволи двонасочно движење на возилата. Ве молиме да имате разбирање поради времениот сообраќаен режим и да се придржувате кон насоките за регулирање на сообраќајот пред се поради Вашата безбедност. Ви благодариме на разбирањето и поддршката во афирмацијата и промоцијата на Охрид и Македонија. – стои во соопштението од Асоцијата за спортови.

Стартот и целта на Триатлонот е пред плажата Бафало, а учесниците ќе се натпреваруваат во пливање, возење велосипед и трчање.

OhridNews