Вест Бромвич Албион успеа да извлече бод на гостувањето на „Кинг Пауер“ стадионот ремизирајќи 2-2 со лидерот на табелата во Премиер лигата, Лестер.
Двете екипи имаа по еднаш водство на мечот, но не успеаја да го задржат. „Лисиците“ беа поблиску до триумф откако во финишот од мечот го потиснаа противникот, но не најдоа начин да постигнат победнички погодок.
Резултати: Бурнмаут – Саутемптон 2-0, Астон Вила – Евертон 1-3, Лестер – ВБА 2-2, Норвич – Челси 1-2, Сандерленд – Кристал Палас 2-2.
OhridNews











