Екипата на Вест Бромвич Албион прокнижи нови три бодови на табелата победувајќи го Барнли со 4-0 во последниот меч од 12-та рунда во Премиер лигата.
Домаќините, дилемите околу победникот ги решија во првиот дел, кога постигнаа три голови. Метју Филипс го отвори резултатот во 9-та, седум минути подоцна Џејмс Морисон го дуплираше водството, а во 37-та минута Дарен Флечер зголеми на 3-0. Конечните 4-0 ги постави Саломон Рондон во 64-та минута од мечот.
Со овој триумф ВБА се искачи на 9-та позиција додека Барнли после поразот падна една позиција и сега се наоѓа на 12-то место со 14 бодови.
OhridNews