Вчера од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 3.256 странски државјани, од кои 1.126 од машки и 766 од женски пол, како и на 1.364 деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.516 државјани на Сирија, потоа на 904 државјани на Ирак и на 836 државјани на Авганистан.

Од почетокот на годината па до 5-ти февруари, издадени  се потврди на вкупно 63.402 странски државјани, од кои 25.946 се од машки пол, 13.639 се од женски и 23.703 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-30.932, Авганистан-20.005 и Ирак-12.462.

Од почетокот на годината па до 5-ти февруари, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

OhridNews