Вчера заврши осмиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“
24.08.26 10:22
Кампот „Ванчо Николески” традиционално започна во општинското основно училиште во Лескоец, кое е единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и млади кај нас. На манифестацијата учествуваа млади поети и поетеси од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија.
Во саботата младите поети беа во посета и запознавање со дејноста на НУ – Библиотека “Григор Прличев”, една од најстарите и со најбогат книжевен фонд во Македонија и пошироко каде ги пречека библиотекар – советникот Мариче Боздоганова.
Во „Прличевата одаја“ тие го проследија предавањето за животот и делото на „таткото на глобализацијата”, Михаило Пупин, што го одржи најголемиот проучувач на овие простори, професор д-р Павле Митрески.
Вчера, во Црвена Вода, учесниците ги добија сертификатите за учество на, осмиот по ред, Балкански поетски камп за деца и млади, точно пред родната куќа на еминентниот поет и писател од првата повоена генерација во Македонија, Ванчо Николески кој, во времето на југословенската федерација, беше обврзна литература за сите ученици, од Триглав до Гевгелија.
Меѓународниот трговски бренд SPAR денес ги отвори вратите за охриѓани Со свеченост на која присуствуваа менаџерскиот тим, вработени и бројни граѓани беше отворен првиот маркет на SPAR во Охрид лоци...
Денес, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол ќе биде отворен првиот SPAR маркет во Охрид Со новото продажно место, меѓународниот трговски бренд ја продолжува својата експанзија во Македонија, каде...
ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16102026 год(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од УЗ3 и УЗ4: населби Кошишта, Воска и...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.