Кинескиoт производител на автомобили „ВЕЈ“ произведе патничко возило, што според многумина, изгледа како да е од 50-тите. Станува збор за моделот „Јуанменг“.

Возилото е инспирирано од „ОРА панк кет“ – автомобил со ретро дизајн од „Грејт вал моторс“, а сега е прикажан првпат пред неговото светско деби. Има пет врати, но се разликува од својот претходник, на пр., во дизајнот на предниот дел, каде што доминираат хромирани решетки распоредени хоризонтално. Хромирани додатоци има и во долниот дел, а и околу светлата… И хаубата, исто така, е украсена со хром.

Занимливиот „хромиран“ дизајн продолжува и со широките предни и задни браници, тркалата, рачките на вратите, додека одзади има кружни светла, изразен капак на резервното тркало и хромиран страничен браник.

„ВЕЈ Јуанменг“ ќе се продава само со „плаг-ин“ хибриден погон што комбинира 1,5-литарски турбо-бензински мотор и електричен мотор, што испорачуваат 238 коњски сили и 520 њутн-метри вртежен момент. Тоа е поврзано со деветстепен менувач со двојна спојка, а електричниот опсег на автомобилот е 195 километри.

OhridNews