Секојдневното одење на работа на малкумина им носи радост, додека повеќето одат како на мачење, со прилично многу опасности по здравјето.

Работата на малкумина им е радост или барем поднослива дневна активност, бидејќи во денешно време сите од нас го бараат невозможното и тоа по можност за вчера. Затоа не не чуди дека истражувањата укажуваат на штетноста на таквиот начин на работа.

За почеток, работата го зголемува стресот и тоа до ниво, на пример, три четвртини Американци, токму работата да ја наведуваат како главна причина за стресот, со добро познатите симптоми: замор, главоболка, мачнина, лутина…Бидејќи стресот драстично ја намалува продуктивноста, работодавците би требало да се замислат.

Логична последица е фактот дека работата ве прави болни, но и покрај тоа четвртина од луѓето одат на работа и кога се болни, а кај повеќе од третина тоа продолжува се додека болеста не го достигне врвот. Ако знаеме дека на канцелариските столови има повеќе од 500 видови бактерии, ни тој податок не не зачудува.

Долгото стоење или подгрбавеното седење пред мониторот ќе го оштети вратот, рамената и ‘рбетот, а болката во грбот е речиси нормална појава. Работата пред компјутер дополнително предизвикува болки во зглобовите.

Постојаното седење има погубно влијание врз метаболизмот, што после некое време ќе се одрази во состојбата на вагата, чија стрелка упорно оди нагоре. Покрај тоа, седењето го зголемува ризикот од дијабетесот и прераната смрт, што особено се однесува на жените – оние кои седат преку 6 часа дневно имаат 40% поголема шанса за прерана смрт од оние кои седат пократко од три часа.

За крај, работата многу често го уништува приватниот живот…се прашувате како тогаш да преживеете? Не е едноставно, но, правете го она што го сакате.

 

извор:metro-portal.hr