На собирот ќе бидат презентирани производи на компнијата „Тондах“, а свое предавање на тема „Идеални слики/Пертикуларни реалности“, ќе одржи Минас Бакалчев, архитект и професор на Архитектонскиот факултет – Скопје.
Во рамки на Вечерта на архитектурата во изложбениот салон на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на Валентин Константиновски, насловена како „Созревање“.
Вечерта на архитектурата започнува во 20 часот.