На собирот што го организира националната асоцијација на архитектите, ќе бидат презентирани производи на компнијата „Тондах“, а свое предавање на темa „Идеални слики/Пертикуларни реалности“, ќе одржи Минас Бакалчев, архитект и професор на Архитектонскиот факултет – Скопје. Проф. д-р Бакалчев е учесник и ко-куратор на Македонскиот национален павилјон на Венециското Биенале, добитник посебно признание со проектот „Град на можни светови” за 2006 година.
Во рамки на Вечерта на архитектурата во изложбениот салон на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на Валентин Константиновски, насловена како „Созревање“.
Вечерта на архитектурата започнува во 20 часот.