Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската унија, денеска ќе биде домаќин на „Вечерта на ЕУ’’ на фестивалот „Охридско лето“ која ќе ја одбележи настапот на реномираните словенечки музичари Ирена Графенауер на флејта и Мате Бекавац на кларинет.

Концертот насловен „Bach in the air“ словечките уметници ќе го иизведат во црквата Света Софија, со почеток во 21 часот.

Мате Бекавац се смета за еден од најдобрите кларинетисти на неговата генерација, и покрај неговата „комерцијална срамежливост“. Роден е 1977 година во Љубљана каде го започнува музичкото образование. Студиите ги продолжил на Универзитетот во Грац, а потоа магистрирал на „Моцартум“ во Салцбург, а студирал и на програма за професионални студии на Музичката школа Џулиард во Њујорк, како и на Конзерваториумот во Париз. Има освоено бројни награди на реномирани меѓународни натпревари. Неговата посебна посветеност, љубов и централен дел од музичката кариера е камерна музика, при што ијма настапувано со бројни истакнати членови при Оркестарот на Баернското радио, Метрополитен оркестарот во Њуорк и ма Лондонскиот симфониски оркестар.

Ирена Графенауер, (родена 1957 година во Љубjана, Словенија, е ученик на Борис Чампа, Карлхајнц Зилер и Аурели Николет. Своето музичко образование го започнала на осумгодишна возраст. После дипломирањето на Академијата за музика во Љубjана во 1974 година, ги продолжила студиите со Карлхајнц Цилер и Аурели Николет. Ја освоува Првата награда на три меѓународни натпревари: во Белград (1974), Женева (1978) и Минхен (1979). Од 1977 до 1987 година била главна флејтистка на симфонискиот оркестар на Баварското радио. Во 1987 година е назначена за професор во Салцбург Моцартеум. Како солист успешно ги обиколи повеќето европски земји, САД, Јапонија и Австралија, а била дел и од повеќе камерни состави. Со Мате Бекавац, живеат и настапуваат заедно. Ирена Графенауер има разновидна дискографија, снимена за Филипс, Сони и други.

Делегацијата на ЕУ ја поддржува организацијата на „Вечер на ЕУ’’ на фестивалот „Охридско лето“ петнаесетта година по ред. Таа го спонзорира учеството на бројни европски уметници на Фестивалот, со што се поттикнува меѓукултурната соработка и размена. „Вечерта на ЕУ’’ првпат беше организирана во 2007 година со извонредниот настап на Барокниот оркестар на ЕУ.

OhridNews