Вечерва, во предворјето на црквата „Света Петка“ во село Велгошти, со почеток во 20 часот и 30 минути ќе почне традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, на која и официјално ќе биде соопштено името на годинашниот добитник на наградата за најдобар расказ, авторот на  „Богу верен, в брани силен“ , кој од страна на жири комисијата беше оценат како најдобар од вкупно испратените 55 раскази.

Жири комисијата во состав- Иван Џепароски, Славе Ѓорго Димоски и Венко Андоновски, оцена дека наградениот расказ се издвојува од останатите според својата уметничка вредност, особено според јазикот, како и според желбата на авторот на еден поинаков начин да проговори за состојбите во Охрид во времето на Прличев.

OhridNews