Во атарот на манастирот „Св Петка“ во Велгошти со почеток во 20 часот денес ќе се одржи културната манифестација со која се чествува творештвото на писателот Живко Чинго.
Програмата почнува со полагање цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго, по што е предвидено обраќање на претставник од Општина Охрид.
На манифестацијата ќе биде врачена наградата „Живко Чинго“ за најдобриот расказ „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ од авторот Иван Антоновски.
Потоа следи „Чинго во песните“, интерпретација од страна на Валентина Божиновска, како и музичко сценски изведби.
OhridNews