Два од трите мечеви кои синоќа се одиграа во третата рунда од првата фаза од плејофот во НБА лигата поминаа во знакот на на гостинските екипи.
Кошаркарите на Филаделфија им го вратија „брејкот“ на „жешките“ и го презедоа водството 2-1 во серијата победувајќи со 128-108. Актуелниот шампион Голден Стејт на гостински терен со 110-97 го совлада Сан Антонио и стигна до третата победа во серијата без пораз. Во следниот меч „воините“ ќе имаат шанса да го заверат пласманот во втората фаза.
Домашната чест ја одбрани составот на Њу Орлеанс кој триумфираше со Портланд 119-102 за убедливи водство 3-0 во серијата.
Резултати: Mајами – Филаделфија 108-128 (1-2), Њу Орлеанс – Портланд 119-102 (3-0), Голден Стејт – Сан Антонио 110-97 (3-0).
OhridNews