По тој повод празникот Успение на Пресвета Богородица на 27.08.2026 година (четврток), во навечерието на овој голем празник, со почеток во 17:00 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба со Опело на Пресвета Богородица, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Празничното торжество ќе продолжи наредниот ден, 28.08.2026 година (петок), во Македонски Брод, каде што, со почеток во 08:45 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Со голема радост и молитвено единство да го прославиме славното Успение на Пресветата Богородица, принесувајќи ѝ благодарност и молитви на Богомајката, нашата постојана молитвена Застапничка пред Бога и Покровителка, велат од Дебарско-кичевската епархија.

OhridNews