На пригоден настан, што ќе се одржи вечерва, 28 јануари, во „Кадмо бар“, Охридњуз по 12 пат ќе ја промовира Годишната ревија на настани и ќе ги врачи признанијата на успешните охридски приказни кои се пример во заедницата.

Печатеното издание на Годишна ревија на настани 2025 на OhridNews што го изработи печатницата „Коста Абраш“, во наредниот период бесплатно ќе биде дистрибуирано до читателите, а на нашиот портал ќе биде достапна и дигитална верзија.
OhridNews











