На пригоден настан, што ќе се одржи денеска, првиот информативен интернет портал кај нас „оhridnews.com“, по девети пат ќе ја промовира Годишната ревија на настани во која се поместени успешните охридски приказни кои ја одбележаа годината што изминува.
Во Годишната ревија на OhridNews се поместени дел од најзначајните настани за кои известувавме во 2022 година, а кои кои го свртеа вниманието на јавноста. Традиционално промовираме и неколку успешните охридски приказни од различни области кои се пример и мотив за заедницата. – вели главниот и одговорен уредник на порталот OhridNews Горан Момироски.
Кој ќе ги понесе признанијата во 2022 година, гледајте низ директниот пренос од настанот на нашиот портал и на фан страната на OhridNews на Фејсбук, кој започнува во 18 часот.
Бесплатната Годишна ревија на настани на OhridNews, во наредниот период ќе биде дистрибуирана до читателите, а од вечерва на нашиот портал ќе биде достапна и дигитална верзија.
OhridNews