Вечерва ќе биде отворена изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18:00 часот. Истата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо информираат од Општина Охрид.

Со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе започне и „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22-ри декември, додаваат во соопштението.

Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција, филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер денес, филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела утре и „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба во четврток.

Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Овие настани се резултат на културната соработка помеѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија.

OhridNews